22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Владата планира да потроши 6 милиони денари за одржување на софтверот за полагање испити

За сума од 6 милиони денари, без ДДВ, или приближно 100 илјади евра, Генералниот секретаријат на Владата објави оглас за доделување јавна набавка за превентивно и адаптивно одржување на софтверот за полагање испити во државните институции. Станува збор за постапка што се спроведува преку „Е-аукција“.

Во техничката спецификација пишува дека рокот на испорака на набавката е итен и треба да заврши за 45 дена. Постапката е отворена, а критериум за доделување на договорот е најниската цена. Превентивното одржување подразбира исправање на последиците од евентуални грешки, а адаптивното одржување се однесува на надградба на постојните функционалности на системот.

Спонзорирано: