13.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Спасовски на средба со генералниот секретар на Интерпол

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во седиштето на Генералниот секретаријат на Интерпол во Лион,  Франција, оствари работна средба со Јирген Сток, генерален секретар на Интерпол.

„Ова е исклучително важна посета, особено во моменти кога имаме сериозни предизвици на глобално ниво. Ефикасната борба против организираниот криминал, против тероризмот, насилниот екстремизам зависи од тоа колку брзо ќе имаме размена на информации и податоци. Ми причинува огромно задоволство што генералниот секретар на Интерпол оддаде признание за напорите коишто земјава ги прави за реформи во МВР, како и за професионалниот пристап во соработката со Интерпол“, рече министерот Спасовски.

На средбата е договорено да се потпише договор меѓу Владата и Меѓународната организација за криминалистичка полиција – Интерпол за признавање на патниот документ на Интерпол. Според овој договор, Република Македонија го признава патниот документ и ги ослободува од виза неговите носители при влез и/или излез од земјава кога тие вршат службени задачи од делокругот на надлежности на Интерпол.

Спасовски го покани генералниот секретар на Интерпол да ја посети Република Македонија, што ќе биде од особено значење за праќање порака за заедничка борба против криминалот и корупцијата и против сите глобални предизвици.