24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нацијата во неверување: 3.83 долари месечна помош за трудниците

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, најави дополнителна помош за бремените жени од 3,83 долари месечно.

Тој во своето годишно обраќање на нацијата објави дека бремените жени ќе добиваат месечен додаток од 700.000 боливари. Звучи многу, но поради инфлацијата во оваа земја, таа сума изнесува само 3,83 долари, објави „Си-ен-ен мани“.

По раѓањето на детето, мајките би требало да добијат дополнителни 5,48 долари месечно. Мадуро не ја образложил одлуката и иако станува збор за мала сума, тој добил овации кога ја соопштил.

Граѓаните на Венецуела се соочуват со недостик од лекови, храна, хигиенски средства и други основни намирници.

Спонзорирано: