25.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Студија: Милиони луѓе ќе завршат под вода поради глобалното затоплување

Во текот на следните 25 години десетици милиони луѓе ќе бидат жртви на поплавите предизвикани од глобалното затоплување, предупредуваат научниците во рамки на студија објавена во списанието Science Advances.

Со зголемувањето на температурите на планетата, бурите и обилните врнежи ќе бидат многу посилни во многу делови од светот. Ќе има значително зголемување на ризикот од поплави кои не се поврзани со зголемувањето на глобалните нивоа на океанот. Мора да се преземат сериозни мерки за заштита на популациите од Централна Европа, Централна и Северна Америка, Кина, Индија, Пакистан и Африка, алармираат научниците и додаваат дека во спротивно десетици милиони луѓе ќе паднат под влијание на природните катаклизми.

Во САД и во Канада 100.000 до 1 милион луѓе живеат во ризични области, а во Кина нивниот број е 55 милиони. Научниците се задржале на период од 25 години бидејќи велат дека потоа ќе биде доцна да се преземат мерки за климатските промени.

„Сè што ќе се случи по овие 25 години зависи од она што ќе го сториме денес“, вели Андерс Леверман, кој е еден од авторите на студијата.

Спонзорирано: