11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин и Џентилони на телефон разговарале за Украина и Либија

Претседателот на Русија, Владимир Путин, и премиерот на Италија, Паоло Џентилони, разговарале по телефон за ситуацијата во Украина и Либија, соопштија од прес-службата на Кремљ.

„Двајцата функционери разменија мислења за актуелни меѓународни теми, вклучувајќи и имајќи го предвид претседателството на Италија во ОБСЕ (Организација за безбедност и соработка на Европа) годинава. Освен тоа, за време на разговорите се обрна посебно внимание и на начините за решавање на ситуацијата во Либија и внатрешно украинската криза“, стои во соопштението на прес-службата.

Двајцата соговорници изразиле задоволство од успешното отворање на фестивалот „Руски времиња“ во Италија на 14 јануари. Во рамки на овој проект треба да се одржат повеќе од 250 културни настани што ќе помогнат за проширување на пријателските врски меѓу народите на Русија и Италија.

Путин и Џентилони се согласиле дека контактите помеѓу двете земји треба да продолжат на различни нивоа.

Спонзорирано: