21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Снег во Македонија – еве каде вее во моментов

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Дожд врне низ целата земја, додека слаб снег кој не се задржува на коловозот префрла кај К. Паланка, Стража, Крушево, Буково, Ѓавато и Смојмирово, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Поради појава на магла, намалена е видливоста од 20 до 30 метри од Тетово до Шипковица, и на планинскиот превој Ѓавато од 30 до 50 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информираат од АМСМ.

Спонзорирано: