Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Сервер: Република Српска нема да биде независна

Професорот на американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, Даниел Сервер, им порача на граѓаните на Босна и Херцеговина повеќе да се занимаваат со своите проблеми, а не да очекуваат дека Американците ќе средат сè. Сервер за Радио Слободна Европа изјави дека факт е дека Република Српска нема да биде независна, дека нема можност тоа да се случи, како и дека не може да се направи сценарио кое води во тој правец и кое е успешно.
Зборувајќи за спроведувањето на одлуката на Уставниот суд, со оглед дека БиХ смета дека Денот на Република Српска е неуставен, Сервер вели дека со тоа мораат да се занимаваат Босанците и Херцеговците.
„Идејата дека Американците ќе средат сè не е многу убедлива денеска кога Америка има толку многу други проблеми“, оценува Сервер.
Тој додава дека Босна и Херцеговина може да смета на цврста определеност на САД и ЕУ, кога е во прашање очекувањето на територијалниот интегритет и суверенитет, но дека е грешка да се очекува од САД да се вознемират поради сè што се случува во БиХ.
Сервер исто така нагласува дека претседателот на Република Српска, Милорад Додик, има право на какво било пријателство, но дека за него како политичар е дисквалификациски да сугерира дека иднината на БиХ лежи во насока на Русија, а не во правец на Европската Унија.
Спонзорирано: