7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Вардар ги почна подготовките за вториот дел од сезоната

Вардар во тренинг-кампот во населбата Хиподром го одржа првиот тренинг, кој го означи стартот на зимските подготовки за пролетниот дел од сезоната.
„Најпрво да им посакам многу среќа и здравје на фудбалерите во овие подготовки. Во првите денови од подготовките ќе ги направиме потребните физички тестови на играчите, и тоа ќе почне од утре. Тука сме до вторник, кога заминуваме во Анталија каде што ќе го одработиме главниот дел од подготовките и ќе играме пријателски натпревари. Нашата цел е и во оваа 2018 година повторно да освоиме трофеј. За да го направиме тоа треба многу добро да се подготвиме, затоа што пролетниот дел го почнуваме со негатива од осум бодови, меѓутоа пред нас се уште 18 натпревари. Затоа е важно подготвени да го дочекаме пролетниот дел од сезоната“, рекол шефот на стручниот штаб на Вардар, Чедомор Јаневски.
Ден пред почетокот на подготовките Вардар се засили со тројца играчи од битолски Пелистер: Кристијан Тошевски, Јован Попзлатанов и Матеј Цветаноски.
„Добивме нови, млади играчи. Ситуацијата се таква, и мора во иднина младите таленти низ цела Македонија да доаѓаат во Вардар. Јас сум убеден дека секоја шанса којашто ќе ни се пружи за ангажман на такви фудбалери ќе треба да ја користиме. Се одлучивме на таков чекор затоа што тие играчи кои ги ангажиравме во натпреварите против нас покажаа квалитет, и во договор со раководството и со некои луѓе коишто подолго време ги следат нивните настапи, се одлучивме да ги ангажираме. Сигурно дека покрај нивната младост, тие се и искусни играчи затоа што имаат по 50 прволигашки настапи во изминатите 2-3 години, што е бројка за почит, и јас очекувам со нивната работа да се наметнат и да бидат идни стандардни првотимци на Вардар. Тука сигурно ќе вклучиме и играчи од нашиот младински погон“, дополнил Јаневски.
„Црвено-црните“ ќе работат во Скопје до 16 јануари, а потоа заминуваат во Анталија (Турција), каде што ќе останат до 7 февруари и ќе одиграат шест контролни натпревари.
(Makfaks)
Спонзорирано: