Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Опозицијата во Албанија повика на масовни протести на 27 јануари

Претседателот на парламентарната група на албанската Демократска партија, Еди Палока, обвини дека премиерот Еди Рама е вистинскиот виновник за многуте злосторства, дрога и корупција во земјата и повика на масовни протести на 27 јануари.
„Целта на протестите е најпосле да се отстрани Еди Рама од функцијата. Тој не смее да биде премиер на Албанија“, смета опозицијата.
Коментирајќи ја неодамнешната оставка на шефот на албанската полиција, Хаки Чако, Палока рече дека Рама е оној што всушност требало да ја напушти функцијата бидејќи тој ги контролирал сите функционери.
„Чако мораше да поднесе оставка пред неколку месеци. Вистината е дека ниту тој ниту министерот за внатрешни работи не може да стори ништо без дозвола на Еди Рама“, рече Палока и ги повика сите опозициски партии да излезат на протестите во земјата.
(Makfaks)