26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Авганистанските вооружени сили убија повеќе од 70 терористи за 24 часа

Авганистанските владини сили за време на серијата специјални 24-часовни операции убија 72 терористи, ранија 17 и притворија тројца, објавија локалните медиуми.
Според информациите на Министерството за национална одбрана, за време на операциите биле уништени шест возила и четири мотоцикли на терористите, а откриени биле и тајни локации за оружје.
Операциите биле спроведени истовремено во Нангархар, Кандахар, Фарах, Кундуз и во Хилминд.