17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Трамп до Ким Ѓонг-ун: Моето копче за нуклеарно оружје е поголемо и помоќно

Американскиот претседател Доналд Трамп возврати на новогодишната честитка на севернокорејскиот лидер Ким Ѓонг-ун, при што му порача дека и тој имал копче за нуклеарно оружје.

„Лидерот на Северна Кореја, Ким Ѓонг-ун, соопшти дека копчето за нуклеарно оружје е на неговата маса во секое време. Дали некој од сиромашниот и изгладнет режим го информирал дека и јас имам копче за нуклеарно оружје многу поголемо и помоќно од неговото, а и моето копче работи“, напиша Трамп.

Во новогодишниот емотивен говоро, емитуван на државната телевизија, Ким рече дека Северна Кореја постигна историски успех со пополнување на своите нуклеарни сили наведувајќи дека тие имаат нуклеарно копче на својата маса.

„САД би требало да знаат дека копчето за нуклеарно оружје е на мојата маса. САД се во опсег на нашето нуклеарно оружје. САД никогаш не можат да започнат до војна против мене и нашата земја“, рече Ким.