12.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Брутално нападната полициска службеничка, објавена снимка од нападот

Францускa полициска службеничка била жестоко претепана во Париз во текот на новогодишната ноќ, а снимката од ужасниот напад беше објавена на интернет.

Хулиганите што ја тепале полицајката, наводно, самите го снимиле нападот и го објавиле, објави британски „Мирор“. Полициската службеничка, која не е именувана, на снимката е опкружена со повеќе хулигани кои брутално ја клоцаат додека таа лежи на подот, а остатокот од бандата вика во знак на поддршка за напаѓачите.

Друг полицаец, нејзиниот претпоставен, кој исто така бил брутално претепан, употребил солзавец во самоодбрана и во еден момент наводно го извадил пиштолот, но не пукал врз напаѓачите. Неочекуваниот инцидент се случил во неделата вечерта кога полицијата била повикана во југоисточниот дел на Париз, во голема мера населен со имигранти.

Снимките објавени на социјалните мрежи предизвикаа гнев во цела Франција, а се огласи и претседателот Емануел Макрон, кој се обврза дека криминалците многу бргу ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

„Виновниците за кукавичкото и криминално линчување на полицајците, кои само ја вршеа својата должност ноќта на 31 декември, ќе бидат пронајдени и казнети“, рече тој додавајќи: „Силата ќе го поддржи законот. Им оддавам почест на полицијата и целосна поддршка за сите службеници нападнати на толку низок начин“.

Неговиот министер за одбрана се придружи во осудувањето на насилството во гетоизираните француски предградија за кое рече дека мора да запре.

Спонзорирано: