Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Северна Кореја ја отвори жешката линија со Јужна Кореја

Северна Кореја повторно ја отвори жешката телефонска линија со Јужна Кореја, речиси две години откако беше оневозможена по наредба на водачот Ким Ѓонг-ун. Јужна Кореја потврди дека денеска добила повик од Северна Кореја во 15.30 часот по локално време (6.30 GMT).

Лидерот на Северна Кореја претходно изјави дека е отворен за дијалог со Сеул и испраќање тим на Зимските олимписки игри следниот месец.

Двете држави не одржале разговори од високо ниво од декември 2015 година. Северна Кореја кратко време го прекина комуникацискиот канал одбивајќи да одговори на повиците, според официјалните претставници на Јужна Кореја.

Владин претставник соопшти дека двете земји ќе разговараат за практичните прашања за предлогот за испраќање на севернокорејска делегација на Зимските игри во Пјонгчанг во февруари.

„Ние ќе оствариме близок контакт со Јужна Кореја на искрен и верен начин“, цитира официјалната новинска агенција „Јонхап“. Според информациите, земјите ќе разговараат за прашања на работно ниво за испраќање на делегацијата.