14.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Демолиран познат ресторан

Шестмина влегле во ресторан во село Слупчане и почнале да му се закануваат на сопственикот Р.М. (22) од с. Лојане да се повлече од судски процес за некој претходен настан. Тие најпрвин го оштетиле тоалетот, а потоа продолжиле да ги кршат инвентарот, музичките инструменти и опремата.

Истовремено, едно од лицата зело чаша со која го удрил А.Г. (39) од село Ваксинце во пределот на лицето и главата. Притоа повреди добил и Б.С. (38) од Куманово. На повредените им била укажана лекарска помош во Општата болница во Куманово. Увид извршила екипа од СВР Куманово, а за настанот бил запознаен јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.