Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Расте бројот на мртви во судирите во Иран

Иранската државна телевизија објави дека најмалку 12 лица се убиени во протестите во земјата.

Според информациите кои ги пренесуваат светските новински агенции, вооружени демонстранти се обиделе да заземат полициски станици и воени бази.

Во телевизиски извештај беше наведено дека десет лица загинале во пресметките во текот на ноќта, без да се соопштат дополнителни детали, додека пак двајца демонстранти биле убиени во саботата во протест во западниот дел на Иран.

„Одреднен број вооружени демонстранти се обидоа да преземат полициски станици и воени бази, но се соочија со сериозен отпор од страна на безбедносните сили“, соопшти иранската државна телевизија.

Светските медиуми пренесуваат дека иранските власти досега ја потврдиле смртта на четворица демонстранти, а уште не е познато каде настрадале останатите. Покрај тоа, соопштено е и дека од почетокот на демонстрациите во градот Мешхад, кои се проширија и во други градови, уапсени се стотици лица.

Спонзорирано: