За новогодишната ноќ имало 9 пријави за кривични дела и осум прекршочни дела со што констатирано е дека во споредба со 2016-та година криминалитетот за време на прославувањето на Новата година е намален, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, при посетата на СВР Скопје.
Исто така истакна дека е намалена употребата на пиротехнички средства.
Изминатата година за разлика од оваа имало многу повеќе пријави за кривични и прекршочни дела, односно 37 кривични и десет прекршочни.
Министерот Спасовски им посака на сите граѓани Среќна нова година и рече дека во оваа година лично тој како министер ќе се залага за одржување на мирот и стабилноста во државата.
Спасовски рече дека исто така ќе се погрижи полицијата да добие подобри услови за работа.
Деветте кривични дела се засноваат на тешки кражби, неколку разбојништва и еден случај каде е нападнат полициски службеник.