15.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ахмети: Во 2018-та да ги засукаме ракавите и да ги оствариме нашите определби

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по повод новогодишните празници испрати честитка до граѓаните на Република Македонија во која им пожелува здравје, благосостојба и успех во текот на 2018 година.

Годината пред нас е клучна година и многу значајна за нашата земја и за земјите од Југоисточна Европа, потенцира Ахмети во честитката.

„2018-та нека ни донесе исто така, афирмативни, надежни и конкретни стратегии на проширувањето од страна на Европската Комисија, позитивен извештај за напредокот со безусловна препорака и датум за почеток на преговорите, но уште поважно, покана за членство во НАТО“, посакува претседателот на ДУИ.

На крајот, додава дека на македонските политичари им преостанува да се соединат и да ги решат домашните задачи без никакви одлагања во конструктивен и пријателски дијалог со соседите.

„Затоа, да си ги засукаме ракавите и да ги оствариме нашите определби“, потенцира Ахмети на крајот од неговата новогодишна честитка.

Спонзорирано: