18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пожар на железничка станица во Берлин

Железничка станица во Берлин е евакуирана поради пожар што избил од засега непознати причини.

Германските медиуми објавија фотографии од станицата „Зоо“, на кои се гледа чад.

За време на инцидентот на станицата имало мал број на луѓе, а весникот „Билд“ пишува дека биле евакуирани вкупно 15 лица.

Станицата се наоѓа на само неколку чекори од божикниот базар, каде лани беше извршен терористички напад, при што беа убиени 12 лица.

На местото на настанот пристигнаа екипи на полицијата и противпожарната служба.

Спонзорирано: