3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп: Медиумите лажат дека имам рејтинг помал од оној на Обама

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги обвини американските медиуми дека лажат оти тој има најлош рејтинг од сите досегашни американски претседатели.

Трамп на „Твитер“ се повика на информациите од телевизијата „Фокс њуз“, која објави резултати од анкетата на „Расумсен“, според која 46 отсто од испитаниците ја одобруваат неговата работа, а 53 отсто од испитаниците се против него.

Рејтингот на поранешниот претседател Барак Обама на крајот од првата година во Белата куќа беше сличен со актуелните резултати од „Расумсен“ – 47 отсто ја одобрувале неговата работа, а 52 процента биле против него.

„Додека лажните вести се занимаваат со мојот т.н. низок рејтинг, „Фокс“ покажа дека мојот рејтинг на 28 декември 2017 бил речиси ист како оној на Барак Обама на 28 декември 2009 година… и тоа и покрај негативните извештаи за мојата наводна поврзаност со Русите“, напишал Трамп.

Инаку, резултатите на „Расмусен“ се исклучок од другите истражувања. Според интернет-страницата „Рилклир политикс“, која ги следи анкетите и истражувањата, во просек во повеќе од 10 истражувања работата на Трамп не ја поддржуваат 56,3 проценти, а го поддржуваат 39,4 проценти од испитаниците.

Спонзорирано: