11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Пожарот во Њујорк, во кој загинаа 12 лица, го предизвикало тригодишно дете

Полициски инспектори од Њујорк веруваат дека пожарот што изби во една зграда во градот, а во кој загинаа 12 лица, го предизвикала детска игра со шпорет.

Според истрагата, тригодишно дете, кое не било под родителски надзор, го запалило пожарот на првиот кат од зградата, кој потоа бргу се проширил и на горните катови, изјавил портпаролот на градската противпожарна бригада, Даниел Нигро.

Дванаесет лица загинаа, вклучително и четири деца, а четворица беа тешко повредени во пожарот што зафати неколку ката од станбена зграда во населбата Бронкс.

Градоначалникот Бил де Бласио изјави дека тоа е најтрагичниот пожар во Њујорк во последните 25 години.

Властите велат дека пожарникарите спасиле дванаесет луѓе од зградата, а четворица завршиле во болница во критична состојба.

Повеќе од 160 пожарникари учествувале во справувањето со пламените јазици што ја зафатиле зградата.

Спонзорирано: