3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе продолжиме со чекори за да го привлечеме вниманието на меѓународната јавност

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вчера одлучи дека партијата мора да продолжи да презема чекори со кои ќе го привлече вниманието на домашната и меѓународната јавност за, како што велат од партијата, недемократското и репресивно однесување на хунтата на власт и злоупотребата на институциите и целокупниот државен апарат вклучувајќи ги и правосудните органи.
ИК исто така ги осуди, како што велат од партијата, нехуманите услови во кои власта ги држи уставобранителите, кои политички беа притворени со монтирани обвиненија за тероризам.
„Ваквиот однос на властите кон притворените е директно кршење на човековите права и газење на нивното достоинство и претставува уште еден доказ дека не станува збор за правен случај, туку за класична политичка одмазда кон неистомисленици и луѓе што не се плашеле гласно да го кажат своето несогласување со актуелните политики“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Извршниот комитет, додаваат од партијата, ги осуди и обидите на полицијата да ги спречи протестите со закани и провокации обидувајќи се да го задуши секое изразување незадоволство.
„Ваквите акти не водат кон нормализирање на политичката состојба во земјата и излез од актуелната криза“, заклучи ВМРО-ДПМНЕ.
Спонзорирано: