Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

На надвозници во јужна Калифорнија обесени шест мажи

Мексиканската полиција пронашла шест тела обесени на надвозници во две општини во сојузната држава Јужна Долна Калифорнија.
Мексиканските власти вчера објавија дека пронашле шест тела како висат од надвозници во североисточниот дел од државата. Државниот обвинител изјави дека биле пронајдени тела на шест мажи и дека во моментот се очекуваат резултатите од аутопсијата. Покрај телата на двајца мажи биле пронајдени и пораки чија содржина не била објавена од страна на властите, а се верува дека убиените се поврзани со локалните банди.
409 лица загинаа во оваа област од јануари до октомври годинава, што е повеќе од двојно поголем број убиства во споредба со минатата година. Бројот на убиства е зголемен поради експанзијата на организираниот криминал.
Мексиканските наркобанди се борат за превласт на рутите преку кои дрогата стигнува до САД, како и околу областите каде што се продава дрога на туристи. Повеќе од 196.000 луѓе се убиени во Мексико од крајот на 2006 година кога владата ја објави контроверзната војна против дрогата.

Можеби ќе ве интересира…

Колку мандарини можете да јадете дневно без да го загрозите вашето здравје?

Мандарините се богати со многу витамини, ја поттикнуваат работата на мозокот и се препознаваат по пријатниот мирис и вкус. Сепак, како и со се, мора да бидеме внимателни со нив… Прочитај повеќе

Вкусно и едноставно јадење: Телешки гулаш

Телешкиот гулаш е јадење на кое ретко кој може да одолее. Вкусно и фино јадење со ориз, тестенини или компири е совршениот ручек. Состојки за четири лица: 1 кг телешко… Прочитај повеќе

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за… Повеќе

Регионалниот фонд за предизвици додели 2,72 милиони за шест македонски проекти за унапредување на стручното образование

Шест најуспешни проекти од Северна Македонија се предложени за финансирање во вториот повик на Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ), со што се издвојуваат приближно 2,27 милиони евра за инвестиции во… Повеќе