20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи: Секретаријатот за европски прашања да биде подготвен за почеток на преговорите со ЕУ

Плановите и активностите за подготовка на Секретаријатот за европски прашања за предизвиците со кои ќе се соочи Република Македонија на патот на европските интеграции во 2018 година ќе бидат утврдени денеска во Струга во рамките на работилницата „Предизвици 2018“, на која ќе присуствува заменик-претседателот на Владата, Бујар Османи.
„2018 година претставува историска година за евроинтегративните процеси во Република Македонија кога како никогаш порано ни се отвора прозорец на можности за да направиме сериозен исчекор и конечно да ги затвориме прашањата за ЕУ и НАТО“, изјави Османи при отворањето на работилницата.
Тој додаде дека Секретаријатот за европски прашања, неговиот Кабинет, но и целата структура на администрацијата, потребно е да се подготват за предизвиците што ги носи 2018 година како година во која ќе се носат клучните одлуки од стана на телата на Европската Унија за европските интеграции на Република Македонија.
Спонзорирано: