6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Села не го дава Министерството за здравство

Зијадин Села од Алијансата на Албанците не се откажува од министерството за здравство. По средбата со премиерот Зоран Заев на која станало збор дали Алијансата на Албанците ќе остане во Владата, Села рече дека ќе го кажат својот став по изборот на нов министер за здравство.
Владата неделава потврди дека за министер за здравство ќе го предложат Венко Филипче. На новинарско прашање што ќе преземе Алијансата на Албанците ако Владата испрати до Собранието кандидат за министер за овој ресор, Села рече дека прво ќе почекаат да биде избран заменик на Арбен Таравари, па тогаш ќе излезат со став дали ќе излезат од Владата.
„За тоа како ќе се однесува Алијансата на Албанците и каков став ќе заземе ќе биде познато кога ќе биде испратен предлогот. Се надеваме дека министер за здравство ќе биде кандидатот на Алијансата, бидејќи така премиерот ќе покаже дека е сериозен и дека не потклекнува на притисоци“, рече Села и повтори дека нивен предлог за министер е Вулнет Ферати.
Спонзорирано: