Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

(Видео) Пукање на границата: Ново бегство на севернокорејски војник во Јужна Кореја

Јужнокорејските војници испукале 20-ина предупредувачки куршуми кон севернокорејските единици кои дошле до демилитаризираната зона во потрага по војник што пребегнал на југ.

Севернокорејскиот војник ја преминал зоната користејќи ја густата магла, објави армијата на Јужна Кореја.

„Нашата армија се погрижи за неговата безбедност, а овластените агенции ќе спроведат истражување со цел да се дознае заднината и мотивите зад неговото бегство“, изјави портпаролот на јужнокорејскиот генералштаб, Ро Јае-чон. Според тамошните медиуми, инцидентот се случил во провинцијата Гангвон.

Ова е четврти севернокорејски војник кој пребегна преку границата во текот на годинава, односно втор во последните месец дена. Последниот војник што пребегна кон југ неговите колеги го раниле дури со пет куршуми. Сепак, тој бил опериран и неговиот живот не е во опасност.

По последното бегство, Северна Кореја почна да ја засилува безбедноста на границата во демилитаризираната зона, а исто така еден шпион објавил како Севернокорејците копаат ров по должината на границата.

Можеби ќе ве интересира…

Колку мандарини можете да јадете дневно без да го загрозите вашето здравје?

Мандарините се богати со многу витамини, ја поттикнуваат работата на мозокот и се препознаваат по пријатниот мирис и вкус. Сепак, како и со се, мора да бидеме внимателни со нив… Прочитај повеќе

Вкусно и едноставно јадење: Телешки гулаш

Телешкиот гулаш е јадење на кое ретко кој може да одолее. Вкусно и фино јадење со ориз, тестенини или компири е совршениот ручек. Состојки за четири лица: 1 кг телешко… Прочитај повеќе

Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов закон нема да смеат да се наплаќаат астрономски камати и провизии

Во тек е процесот за носење на законските измени со кои максималната камата нема да смее да го надминува. Тоа значи доколку некој граѓанин зел 10.000 денари, максимум за камати… Повеќе

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град и внатрешноста на Македонија велат познавачите. Цените кои беа напумпани на становите во Скопје и внатрешноста се очекува… Повеќе