6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Откако извршил грабеж во куќа оставил порака „го полив цвеќето, жал ми е“

Крадец, кој по кражба во куќи во кинеската покраина Хубеј оставал различни пораки со извинување фатен е додека спиел во стан.
Крадецот оставал пораки како „Го полив цвеќето, жал ми е“, „Не го обвинувајте обезбедувањето, не можеа да направат ништо“ и „Ги зедов вашите лекови, немав друг избор, жал ми е“. Во една ноќ ограбил три куќи.
Според информациите кои ги објавија кинеските медиуми, крадецот оставајќи ги пораките со споменатата содржина „покажал љубезност“.
Од куќите зел телевизор, компјутер, мобилен телефон, накит и пари. Во една ноќ имал три грабежи, а фатен е додека спиел во еден стан.
Спонзорирано: