14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Учество на граѓаните во креирањето на буџетот на Општина Илинден за 2018 година

Во организација на Општина Илинден во средното општинско стручно училиште „Илинден“ се одржал буџетски форум на кој граѓаните преку посочување на приоритетните проекти во нивните населени места, имале можност со своето партиципативно учество да придонесат во креирањето на буџетот на Општина Илинден за 2018 година.
Општина Илиден информира дека повеќето од предложените 60-ина проекти и проектни активности биле од областа на патната инфраструктура, а по нив следувале проекти од областа на здравственстата заштита и образованието.
Обраќајки се на Форумот, градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, го изразил значењето на граѓанското учество во креирањето на буџетот и притоа додал дека организирањето на ваквите буџетски форуми во последните години даваат резултати, што се гледа од фактот дека приоритетите дефинирани од граѓаните се и приоритети за работа на Општината.
Од Илинден посочуваат дека транспарентноста во креирањето и носењето на буџетот за секоја година Општината ја практикува со организирање граѓански форуми со цел да им излезе во пресрет на барањата и потребите на граѓаните, со што ќе се овозможи и создавање поквалитетни услови за живеење во сите населени места.
Спонзорирано: