20.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пожар во дом за стари лица во Словенија, повредени шест лица

Најмалку шест лица се повредени во пожар што избил во дом за стари лица во Чрномељ, во југоисточна Словенија.
Поради пожарот, беа евакуирани речиси седумдесет лица на вториот и третиот кат.
Едно лице добило повреди опасни за животот и било префрлено во болница во Љубљана.
„Во пожарот повредени се две лица што живеат во домот и четворица вработени, а другите се евакуирани“, рече управничката на домот, Валерија Лекиќ-Пољшак.
Пожарот избил на вториот кат, а се претпоставува дека е причинета штета помеѓу 200.000 и 300.000 евра.
Причината за пожарот засега не е позната.