17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Жерновски: Одбраната на Груевски ги користи сите средства за да го одложи судењето

Одбраната на експремиерот Никола Груевски ги користи сите средства за да го одложи судењето. Ова го изјави пред Основиот суд поранешниот градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски.
„Колку и да се пролонгираат судењата, правдата ќе стигне“, рече Жерновски.
Денеска беше одложено судењето за насилствата во Центар, во кое осомничени се лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и пратеничката Даниела Рангелова.
Одбраната побара да биде одложена главната расправа поради недостиг од камери за тонско и визуелно снимање на судењето.
Спонзорирано: