20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
UncategorizedМАКЕДОНИЈА

Tежок инцидент во кој учествувала поголема група во Скопје – има ранети

Во тепачка на малолетници што се случила синоќа во Скопје на улицата „Босна и Херцеговина“ Б.Т.(16) и Т.Д.(16) биле физички нападнати од поголема група на машки лица на возраст од околу 16-18 години.
Според информациите, Т.Д и неговите другари физички биле нападнати од поголема група на лица при што ја изгубил свеста. Тој бил пренесен во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарка нега. Според извештајот, во пределот на левото рамо му била нанесена повреда расекотина со тврд предмет, најверојатно од нож. Малолетникот појаснил дека до физичкиот напад дошло откако претходно неговиот другар имал расправија со напаѓачите во дворот на Училиштето „Зефљуш Марку“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.