27.8 C
Скопје
1. јули 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Кражба на пари и златен накит во куќа во Прилеп

Синоќа во Прилеп во куќа сопственост на М.Г.(47), од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба, при што одземени се евра, австралиски и американски долари, швајцарски франци и фунти, се во вредност од 2.160.000 денари, како и разновиден златен накит во вредност од околу 2.200.000 денари.
Сторителот откако со употреба на погоден алат влегол во куќата во подрумот пронашол и отворил метален сеф од каде ги одзел парите и заминал во непознат правец. Извршен е увид на место на настанот, се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.