33.8 C
Скопје
4. јули 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Мозаик

Сите почнале да врескаат: Мртво дете станало среде погреб, побарало вода и повторно легнало во ковчег!

Се уште се трага по објаснување за случајот кој ја шокираше јавноста.

Семејството на 2-годишник од Бразил доживеало двоен шок откако за време на погребот детето „станало“, побарало вода и повторно умрело, пишуваат медиумите.

Како што тврди бразилската ОРМ, Келвин Сантос (2) престанал да дише во болница во Белем на северот од земјата, за време на лечење од воспаление на белите дробови. Прогласен бил за мртов во петокот во 7.40 часот по локално време и семејството кое го презело неговото тело. Семејството цела ноќ од петокот кон саботата останало да бдее над телото кое лежело во отворен ковчег.

На само еден час пред закопот, момчето станало и рекло: „Тато, може ли да добијам малку вода“. Таткото на момчето Антонио Сантос раскажал дека сите почнале да врескаат.

– Не можевме да поверуваме. Мислевме дека се случило чудо и дека нашето дете е живо. Но само повторно легна. Веќе не можевме да го пробудиме, раскажал таткото.

Келвин веднаш го однеле во болница, но лекарите потрвдиле дека не дава знаци на живот.

– Не уверуваа дека е мртов и не ни објаснија како се случи она што го видовме, рекол Антонио.

Семејството одлучило да се одложи погребот за еден ден во надеж дека повторно ќе оживее. Уверен дека синот е жртва на лекарска грешка, Антонио Сантос случајот го пијавил во полиција.