6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Силување близу школо ја потресе Македонија – ја зел за време на одморот и ја однел кај стадионот, а потоа сексуално ја нападнал

Шестнаесетгодишна малолетничка била силувана на градскиот стадион во Виница.
Во МВР било пријавено дека таа заминала на настава во средно училиште, од каде што за време на одморот У.Ќ. (18) насилно ја однел  кај стадионот и побарал да остане во Виница со него и да не оди во Германија. Откако малолетничката се спротивставила, истиот ѝ ги врзал рацете, нозете и устата со фластер, по што го извршил кривичното дело.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС Кочани. По наредба на јавен обвинител, У.Ќ. бил лишен од слобода и задржан во ПС Виница.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Спонзорирано: