На улица „Никола Тесла“ од засега непознати причини настанал пожар во стан на приземјето, каде што е сместена канцеларијата на градежната фирма „Дабар“.
Пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема.
Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден.