3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп ѝ нареди на НАСА да ги врати луѓето на месечината

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ѝ нареди на НАСА да испрати повторно Американци на месечината – решение кое според него ќе подготви идно слетување на човекот и на Марс.

„Овој пат нема само да забиеме знаме и да оставиме белег“, изјави Трамп во Белата куќа откако потпиша нова директива за вселенската политика на земјата.

Претседателот рече дека со новата директива ќе се стави фокусот на вселенската програма врз човековото истражување и откривање и ќе означува важен чекор кон враќањето на американските астронаути на месечината, за првпат по 1972 година. Додаде дека целта на новите мисии ќе вклучува долгорочно истражување и искористување на нејзината површина.

„Ние ја воспоставуваме основата за можна мисија на Марс, а можеби и еден ден до илјадници други пространства“, додаде тој.

За последен пат американските астронаути слетаа на месечината за време на мисиите на Аполо во 1960-тите и 1970-тите.

Спонзорирано: