10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Снежно невреме во Австрија, повредена една жена

Снежно невреме проследено со силен ветер и со топли температури, нанесе големи штети во многу делови на Австрија.Најмногу пожарникарите имаа работа во текот на ноќта и во утринските часови во покраините Штајерска и Корушка, каде невремето оштети голем број згради и куќи, откорна дрвја и блокираше патишта. Брзината на ветрот е измерена и изнесува дури 249 километри на час.

Во општината Фелкламаркз активирана е цивилна вонредна состојба, граѓаните се повикани да не ги напуштаат своите домови, училиштата остануваат затворени на територијата на цела општина, а 6.000 домаќинства остнаа без струја.

Граничните премини Пауличсател и Зебергсател мораа привремено да бидат затворни, а блокирана е и регионаланта железничка пруга. Во Бад Гастајн во покраината Салцбург едно стебло кое ветрот го откорнал, паднало на возило, при што тешко е повредена една жена.

Спонзорирано: