14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Руската служба открила план за напади, терористите елиминирани

Федералната служба за безбедност на Руската Федерација спречи план за извршување терористички напади за време на претстојните новогодишни празници и за време на кампањата за претседателските избори во земјата. Ова го изјави директорот на канцеларијата и претседател на Националниот антитерористички комитет, Александар Бортников.

Според објавените информации, службите им влегле во трага на активностите на терористичката група која планирала напади со бомбаши самоубијци, што вклучувала и бегалци од Централна Азија.

Во рамки на операцијата запленети се експлозивни направи, огнено оружје и муниција. Уништена е и цела лабораторија за создавање терористички ресурси.

Кампањата на претседателските избори во Русија почнува месецов.