20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Србија отвори две нови поглавја во преговорите за членство во ЕУ

Србија во Брисел отвори уште две нови поглавја во преговорите со Европската Унија – Поглавјето 6, кое се однесува на трговското право, и Поглавјето 30, за економските односи со странство. Отворањето на овие поглавја покажува сериозен напредок на Србија, како и дека европската перспектива е цврста и реална, порача комесарот Јоханес Хан.

Главната преговарачка на Белград во преговорите за пристапување во Унијата, Тања Мишчевиќ, рече дека со Поглавјето 6 ќе се создадат принципи и систем што ќе овозможи формирање и фунционирање на компаниите во Србија според европските стандарди.

Таа објасни дека со тие принципи ќе се создадат услови што ќе овозможуваат секоја компанија да има целосно идентични услови за работење независно од тоа дали се наоѓа во Србија или во Германија.

Во врска со Поглавјето 30, Мишчевиќ наведе дека се однесува на подготовката на Србија за вклучување во еден од најголемите светски трговски блокови.
На меѓувладината конференција во Брисел, што вечерва се одржува во зградата на Европскиот совет, земјите членки на Унијата ги претставува естонскиот министер за надворешни работи, Свен Миксер, комесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан ја претставува Европската комисија, а српската министерката за евроинтеграција, Јадранка Јоксимовиќ, е претставник на Белград.