Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Путин и Ердоган согласни за Ерусалим, набргу продажба на „Ц-400“

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека одлуката на САД да го признаат Ерусалим како престолнина на Израел го дестабилизира Блискиот Исток, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека Анкара и Москва се на иста страна што се однесува до признавањето на Ерусалим.

Ердоган на заедничка прес-конференција со Путин во Анкара нагласи дека ќе остане во контакт со Путин што се однесува до прашањето за Ерусалим. Рускиот претседател рекол дека се надева оти ќе потпишат кредитни аранжмани за одбранбена индустрија со Турција, а Ердоган потврдил дека руските и турските претставници ќе се најдат неделава за да го завршат договорот за купување одбранбени ракетни системи „Ц-400“.

По посетата на Египет, Путин допатува во Анкара. На врвот на агендата се и билатералните прашања, пред сè заедничките проекти во енергетскиот сектор. Односите меѓу Русија и Турција станаа напнати кога Турција собори руски борбен авион поради крешење на нејзиниот воздушен простор во 2015 година, но двете земји од тогаш ги обновија билатералните односи.

Можеби ќе ве интересира…

Колку мандарини можете да јадете дневно без да го загрозите вашето здравје?

Мандарините се богати со многу витамини, ја поттикнуваат работата на мозокот и се препознаваат по пријатниот мирис и вкус. Сепак, како и со се, мора да бидеме внимателни со нив… Прочитај повеќе

Вкусно и едноставно јадење: Телешки гулаш

Телешкиот гулаш е јадење на кое ретко кој може да одолее. Вкусно и фино јадење со ориз, тестенини или компири е совршениот ручек. Состојки за четири лица: 1 кг телешко… Прочитај повеќе

Преку одржливо и органско производство на грозје и вино до зајакната позиција на македонската винска индустрија

Зајакнување на позициите на пазарите, градење препознатлив бренд со географска индикација и успешна трансформација кон органско производство се основите за успех на македонската винска индустрија. Ова се современите трендови во… Повеќе

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за основање, се одржа конститутивна седница на која се формираше Националната асоцијација на туроператори и туристички агенции на Република… Повеќе