11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Судот го ослободи Саакашвили од притвор

Украинскиот судија го одби барањето на обвинителот, кој побара на Михаил Саакашвили да му се одреди домашен притвор, со што е отворен патот за ослободување на поранешниот грузиски претседател и лидер на опозициското Движење на новите сили, објави „Ројтерс“.

Саакашвили пред окружниот суд во Киев денеска рече дека себеси се гледа како воен затвореник. Саакашвили, кој стана лидер на опозицијата во Украина, е уапсен во петокот под обвинение дека се здружил со украинскиот бизнисмен кој е поврзан со Русија со цел да го смени украинскиот претседател Петро Порошенко.

Саакашвили ги отфрли тие обвинувања, а неговиот адвокат изјави дека тој во знак на протест штрајкува со глад зашто е уапсен.

Спонзорирано: