6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин: Статусот на Ерусалим да биде одреден во палестинско-израелски преговори

Според претседателот на Русија, Владимир Путин, спогодбата за статусот на Ерусалим треба да биде предмет на директни преговори меѓу Палестина и Израел.

„Русија смета дека решавањето на прашањето треба да се гради исклучиво врз претходно донесените решенија во рамките на Обединетите нации. Конкретните параметри на договорот за статусот на Ерусалим треба да бидат предмет на директни преговори помеѓу Палестина и Израел“, изјави Путин за време на заедничката прес-конференција заедно со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган.

Минатата недела претседателот на САД, Доналд Трамп, го прогласи Ерусалим за главен град на Израел и потпиша документ за пренесување на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим. Неговата одлука предизвика незадоволство кај многу земји во светот, а најмногу на Блискиот Исток. Низ целиот муслимански свет почнаа протести во кои досега се повредени стотици лица.

Спонзорирано: