20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Бела куќа: Миграциската политика на Доналд Трамп ќе го спречеше нападот во Њујорк

Прес-секретарот на Белата куќа, Сара Сандерс, изјави дека политиките на претседателот Доналд Трамп против миграцијата доколку биле применети ќе го спречеле нападот во Њујорк, и ја обвини Демократската партија дека ги блокира овие планови во Конгресот.

Њујоршките власти идентификуваа имигрант од Бангладеш кој се населил во САД во 2011 година како сторител на нападот во којшто беа повредени четворица.

„Претседателот во моментов е загрижен дека Конгресот, а особено демократите не успеаја да преземат чекори за да го спречат ова“, рече Сандерс и додаде дека претседателската политика со која се повикува да се стави крај на миграцијата би го спречила лицето да дојде во САД.

Потенцира дека Трамп ќе продолжи да бара одговорни имиграциски реформи што ќе стават крај на миграцијата.

„Овој напад, исто така, ја нагласува потребата Конгресот да работи со претседателот за реформите со цел зајакнување на националната и јавната безбедност. Треба да ги заштитиме своите граници, треба да се увериме дека луѓето кои влегуваат во земјата не доаѓаат да му наштетат на нашиот народ и треба да воспоставиме имиграциски систем заснован на заслуги“, изјави Сандерс.

Сандерс ја поздрави полициската акција. Таа, исто така, ги посочи успесите на американската влада против Исламската држава во Ирак и Сирија.

Спонзорирано: