22.8 C
Скопје
5. јули 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија ТОП ВЕСТИ

Предновогодишна забава за децата од СОС Детско село

На 13 декември „Аликас вединг и ивент центар“ и СОС Детско село ќе организираат предновогодишна забава за децата од СОС Детско село.

„Оваа празнична сезона не смееме да заборавиме да ги направиме празниците потопли, повесели и да помогнеме онаму каде што е тоа потребно“, велат организаторите.

Покрај обезбедувањето неопходни средства за секојдневен квалитетен живот, на децата им треба и забава, па по тој повод организаторите се надеваат дека ќе се прошири празничната магија и што повеќе луѓе ќе се вклучат во хуманитарната акција. За децата ќе се организира забава со игри, магионичар и многу музика.

Организаторите подготвуваат многу изненадувања за децата, а упатуваат апел и до сите што може да помогнат да го сторат тоа во СОС Детско село. Повеќе информации за хуманитарниот настан ќе најдете на следниот линк.