7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Отец Пимен и Градоначалникот на Ресен беа шанкери во познатото кафуле

Последниот ден од ноември во Ресен, помина во знак на месецот и движењето “Мовембер” чија цел е подобрување и подигање на свеста за одржување на машкото здравје.

Во познатото ресенско кафуле Голд кафе, се оддржа голема забава каде главни ѕвезди беа Отец Пимен кој всушност и потекнува од Ресен, но и градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски.

Отец Пимен за настанот и месецот на машкото здравје “Мовембер” за Скај вели,

– Веќе неколку години наназад сум активно вклучен во Мовембар Македонија, но најактивен сум во родниот град. И сум навистина среќен што Ресен има одличен тим кој жилаво се бори и покажува одлични резултати низ годиниве. Благодарение на упорноста на Јосифовски и Ќулумовски ( Ќосот и Батакот по ресенски) кои станаа и наш бренд низ годиниве имаме добар одзив при повикувањето да се пуштат мустаќи за да се разбуди свеста за машкото здравје. Имаме две кафулиња кои ни се поддршка сиве години Таверната и Голд. Вратите на овие два објекта се отворени од промовирањето на идејата, преку цел месец до последниот ден во ноември кога се прави големата хуманитарна забава. Но, секако не е целта само да се направи забава и да собереме средства. Веќе по втор пат видни уролози држат предавања и тоа пред задоволувачки број на луѓе кои со интерес ги следат истите. За поздрав е и поддршката која ја имаме од Опшина Ресен и во време на градоначалникот Стрезовски и сега од новиот градоначалник Гошаревски, бидејќи тоа покажува дека свеста за здравјето е над секоја партија, нација и религија.

Отец Пимен и уште додава:

– Оваа година ја имавме таа чест градоначалникот Живко Гошаревски да биде дел од тимот.
И уште една значајна работа постигнавме оваа година. Здружението за борба против рак Борка беше дел од нас. Тие беа наши подржувачи што воедно беше и нивно промоцирање во Ресен и најава за формирање на нивна подружница тука, преку која оние кои имаат потреба ќе може поблиску да се информираат за се што е потребно за нивно лекување, добивање на помагала, застапување пред институции, чести предавања за превенција, вели Пимен.

Отец Пимен за четврточната забава им се заблагодари на сите оние хумани луѓе кои учествуваа на лицитацијата и донаторите.

Тој открива и зошто се одлучил да биде дел шанкерскиот тим на Голд кафе за време на големата забава:

– За да се сврти поголемо внимание на настанот, со задоволство ја прифатив идејата јас и градоначалникот да бидеме дел од тимот кој ќе им биде на услуга на сите кои ќе присуствуваат на забавата, па така ние двајца бевме тандем на шанкот. Забавата беше со ретро музика од ’90тите години за која беше задолжен нашиот легендарен диџеј Славе Ќелешоски.

Од тимот Мовембар – Ресен најавија дека нахнадно ќе ги објават податоците за собраните средства и каде ќе бидат донирани истите.

Спонзорирано: