Портпаролката на данското кралско семејство рече дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја одложи посетата на Данска е изненадувачка.
Според неа, Трамп добил официјална покана да ја посети Данска на 2 и 3 септември.
Трамп ја одложи планираната посета на Данска денес.
Трамп решил да ја одложи посетата откако данската премиерка Мете Фредериксен ја отфрли неговата идеја за купување на Гренланд.
Спонзорирано: