14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Потврдена затворската казна за австралискиот кардинал кој вознемирувал деца

Судот во сојузната австралиска држава Викторија ја потврди затворската казна на кардиналот Џорџ Пел, кој е осуден за сексуално вознемирување деца.

Одлуката на Апелацискиот суд ја поздравија жртвите на малтретирањата и групите за заштита на правата на жртвите, кои беа собрани пред зградата на судот, пренесоа светските медиуми.

Кардиналот Пел, некогашен министер за финансии на папата Франциско, во декември минатата година беше осуден на шест години затвор за малтретирање двајца 13-годишници во катедралата „Свети Петар“ во Мелбурн.

Неговите адвокати соопштија дека ќе бараат преиспитување на одлуката на судот и ќе поднесат жалба до највисокиот суд на Австралија.

Пел е највисокиот ватикански претставник кој досега е осуден на затворска казна, а поради пресудата, австралискиот премиер Скот Морисон порача дека ќе му се одземе и австралискиот Орден на честа.

Спонзорирано: