Под влијание на влажен и студен бран од понеделник вечер ќе настапи промена на времето, па во ноќните часови, како и во вторник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд.
На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе бидат во значително опаѓање.
Од среда времето ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи и благ пораст на температурата.
Спонзорирано: