Мицкоски се стави во одбрана на осомничените насилници и организатори на насилството од 27 април – пишува во соопштението на Центарот за комуникации со јавност на СДСМ.
Според СДСМ, Мицкоски денеска застана зад нападот на уставниот поредок и темелите на демократијата што се случија на 27 април.
– Очигледно исфрустриран од сопствената безидејност, од загубената поддршка кај граѓаните и немоќта да го одбрани криминалот на Никола Груевски. Затоа Мицкоски се заканува кон судии и обвинители, се меша во судството, зборува за убиства – пишува во соопштението на СДСМ.
Од СДСМ порачуваат дека сите оние кои биле извршители и нарачатели крвавите настани на 27-ми април, мора да понесат одговарност согласно законите, низ транспаретна судска постапка.
Спонзорирано: