3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мицкоски: Мора да победиме на претседателските избори за да го запреме ова

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на прес конференција реагираше на апсењата на Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и ги оцени како очајнички потези на Заев.

-Свесни се дека народот не ги поддржува, дека им е преку глава од предавствата, од забеганоста. Свесни се дена паѓаат и сега во очај одат на внесување на страв во општеството. Деспотот Заев го гледа својот крај и затоа е најопасен, затоа апси на екла казала муабет. Народот е веќе разбуден и не се плаши. Ова што го правиш е лудило ама ние сме погдотвени да поднесеме жртва. Апси, можеш да нарачуваш и убиства, ама не ти се плашиме и ќе те поразиме. Тие сакаат да се збори за апсења, а не за вакцините, за тендерите и богатењето на Вице Заев. Се е јасно, готов си и за тебе крајот ќе биде жесток. Единствен модус да се стави крај на ова уништување на Македонија, е жестоко да го поразиме СДСМ на претседателските избори. Деспотот Заев со овие малудничави потези сака да исповорицира реакција да се откажаме од претседателските избори или да направиме чекори кои ќе може да ги искористи како алиби. Знаеме дека овде не е проблемот ниту Спире, ниту Миле, ниту Никола, ниту Трајко. Ова деспотот Заев си игра со судбини на луѓе. Овде нема победници, сите губат. Решението е едно: победа на претседателските избори и пораз на Заев. Заев, Македонија е на нозе и ќе ти врати за се што и направи. За ова што го правиш, ќе одговараш и ти и твоите соработниците, а и обвинителите и судиите кои ти слугуваат. Сети се на Милошевиќ, на Чаушеску, и тие мислеа дека се недопирливи, рече Мицкоски.

Спонзорирано: