Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија ќе биде ставен на дневен ред на Собранието на седницата закажана за 15 јануари. Предлог-законот кон крајот на декември помина и на Комисијата за надворешна политика.
Договорот резултира како крај на петгодишниот процес на МНР, а е надградба на договорот од пред 28 години.
Договорот беше потпишан на 1 август 2017 година од страна на премиерите на Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, кои го претставија како договор за зацврстување на пријателските односи, уанпредување на добрососедството, а удел ќе има и во економскиот развој на двете држави.